Во МНТ премиера на претставата „Бели ноќи“ на Звездана Ангеловска

54

Во Македонскиот народен театар на 17 октомври со почеток во 20:00 часот ќе се оддржи премиерата на претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф.М.Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска.

Во оваа копродукција играат: Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трјческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак.

Првата реприза е закажана за 18 октомври.