Во меѓународна акција за борба против дрогата во Србија, досега се запленети 60 килограми марихуана

104

Во Србија во тек е меѓународна заедничка акција со цел сузбивање на трговијата со наркотици на територијата на Југоисточна Европа, соопшти српското МВР.

Во акцијата е засилена контрола на возила и лица, а со неа раководи Службата за борба против дрога.

„Борбата против трговијата со дрога е еден од главните приоритети во работата на МУП, а полицијата продолжува да спроведува активности и акции за сузбивање на сите кривични дела поврзани со дрога“, соопшти српското МВР.

Оттаму додаваат дека само во изминатите два дена во Србија се запленети над 60 килограми марихуана.

„Вчера полицијата во Нови Сад заплени 35,8 килограми марихуана и уапси две лица, додека денеска во Лесковац заплени 25 килограми дрога и уапси унгарски државјанин“, се вели во соопштението.