Во Македонија се слеале рекордни 838 милиони евра странски инвестиции

23

Странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари – септември достигнале 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на тој период минатата година и убедлив рекорд во изминативе дваесет години.

Доколку приливот на странски инвестиции продолжи со истото темпо, голема е шансата Македонија прв пат во историјата да оствари над милијарда евра странски директни инвестиции во текот на една година.

Податоците на Народната банка откриваат дека само во третиот квартал од годинава, приливот на странски директни инвестиции во Македонија достигнал 281,6 милиони евра.

Оттаму информираа дека во овој период имало зголемени нето-приливи врз основа на меѓукомпанискиот долг (219,5 милиони евра), сопственичкиот капитал (39,9 милиони евра) и реинвестираната добивка (22,2 милиона евра).