Во Лерин со летоци се повикува на автономија на Егејска Македонија

71

Во околината на Лерин и Серес, деновиве се појавиле летоци во Грција, со содржина која повикува на автономија на Егејска Македонија.

Летоците се потпишани од засега непознатата организација, ВМРО Обединета и во нив се повикуваат македонските браќа од Егејска Македонија да се обединат за Автономија на Македонија.

Грчките медиумите ова го толкуваат како провокација на Македонците во овој дел од Грција, но можно е да станува збор и за операција на грчките служби со цел да се предизвика негативна слика за словенско население кое живее во оваа област.

Покрај грчката, и бугарската јавност се заинтересира за летоците со повик „Автономија за Македонија“ кои пред десеттина денови биле растурени во регионите околу Серес и Воден.

Бугарската новинска агенција Фокус ја пренесува веста коментирајќи дека се потпишани од „досега непознатата организација ВМРО Обединета која ги повикува словените во Егејска Македонија да се обединат во една автономија“.