Во Куманово почна масовната вакцинација

85

Почна масовната вакцинација во училишната спортска сала на средното училиште „Перо Наков“ во населбата Бедиње во Куманово. Вакцинацијата се спроведува непречено, оценија надлежните од Здравствен Дом Куманово. Поголем број од оние кои примија вакцина се повозрасни граѓани, не само од Куманово, туку и од останатите пет општини од североисточниот регион (Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Кратово и Ранковце).

Вакцинацијата се спроведува со кинеската Синофарм вакцина. Здравствениот дом вчера добил 4.200 вакцини. Дневно во просек е планирано да се вакцинираат по 1 000 лица. Во спортската сала има 15 пункта и вкупно 15 доктори и 30 медицински сестри за две смени.