Своето учество на концертот во Крушево гордо го најавуваат и две големи естрадни ѕвезди, од Србија и Црна Гора. Станува збор за српското женско трио „Фрајле“ од Нови Сад, кое редовно, со огромно задоволство, ја пее песната „Во коси да ти спијам“ на своите концерти, која и Тоше сакаше да ја пее. Исто така, со радост ќе го дочекаме и настапот на црногорската поп-ѕвезда Бојан Маровиќ!
Во четврток, на 5 октомври, на платото пред Спомен-куќата „Тодор Проески“ во Крушево, ќе се одржи голем концерт во чест на ангелот Тоше и во знак на сеќавање на неговиот последен мегаконцерт, кој го одржа на 5 октомври во 2007 година, пред преполн Градски стадион во Скопје. Тоа беше неполни две недели пред 16 октомври, кога загина ангелот во трагична сообраќајна несреќа. Веста за несреќата зави во црно армија негови обожаватели. И не само обожаватели туку и луѓе што го сакаа и како човек, бидејќи беше еден од ретките на естрадата со чиста душа.
Поради многу причини, не смеете да го пропуштите концертот. Организаторите велат, снајдете се и дојдете од сите страни на Македонија, да му оддадеме почест на нашиот Тоше, кој сите многу нè сакаше. Концертот започнува во 19 часот. Ќе настапат голем број македонски пејачи, меѓу кои: Александра Јанева, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Александра Трајческа, Никола Зацески, Зоран Илиев, „Инвиктус бенд“….
Своето учество на концертот во Крушево гордо го најавуваат и две големи естрадни ѕвезди. Едната е од Србија, а другата од Црна Гора. Станува збор за српското женско трио „Фрајле“ од Нови Сад, кое редовно, со огромно задоволство, ја пее песната „Во коси да ти спијам“ на своите концерти, која и Тоше сакаше да ја пее. Исто така, со радост ќе го дочекаме и настапот на црногорската ѕвезда Бојан Маровиќ, кој, инаку, во приватниот живот, беше голем другар со Тоше. Д.Миќиќ
–
–