Во Крива Паланка собрани 19 единици крв

29

На денешната крводарителска акција во Крива Паланка што се одржа во просториите на Општинската организација на Црвен крст собрани се 19 крвни единици.

-Акцијата, тринаесетта по ред во годишната програма и план за крводарување на ОО Црвен крст Крива Паланка, се одржа како традиционална, во чест на претстојниот празник Успение на Пресвета Богородица и Св. Јоаким Осоговски, патрон светец на градот, но два дена претходно поради состојбата со Ковид-19 пандемијата и немањето можност истата, како во минатото, да се спроведе на самиот ден на чествување на празникот, 28 и 29 август, изјави Дарко Пешовски, секретар на општинската организација на Црвен крст Крива Паланка.

Досега, во текот на годината, на одржаните тринаесет крводарителски акции во општините Крива Паланка и Ранковце собрани се вкупно 363 единици крв. Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка ги реализира своите акции за крводарување во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, Скопје.

Сите акции реализирани во текот на пандемијата ги запазуваат пропишаните мерки и протоколи за заштита од Ковид-19.