Мото Клубот „Носачи на крстот“ денеска од 9 до 16 часот во Ликовниот салон во Велес организираше успешна акција за крводарување во која беа собрани рекордни 141 крвна единица, Акцијата беше мошне успешна, оцени за МИА,Орце Николов секретар на ООЦК Велес кој акцијата ја организира во соработка со Инстутот за трансфузиона медицина од Скопје.
-Во акцијата имаше и осуммина кои првпат даруваа крв и со тоа се вклучија во Друштвото на хуманите, информира Николов и додаде дека во акцијата учествувале и неколку крводарители моторџии од Мото клубот Suns of thunders“ од Прилеп кои се вклучја во акцијата за крводарување.
Д-р Кирил Лазов од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, кој раководеше со акцијата истакна дека со собраните 141 крвни единица велешките крводарители само потврдија дека се на врвот на хуманоста во земјава.
Извор:МИА