Во Кратово, овој викенд, ќе се журкаме со хитовите на Благица Павловска, Ламбе Алабаковски, Ленче и Горан Кукиќ…

160

Овој петок и сабота (7 и 8 јули), Кратово со своите „Златни денови 2023“, а по повеќе годишната пауза, најмногу поради короната им се враќа на музичките настани. И тоа исклучиво со македонски забавни и народни пејачи.

„Така одлучи раководството на градот. Народот, пред сè, да си ја слуша и сака својата музика, со сета почит кон странците. На првата вечер в петок, жителите, гостите, но и туристите сите присутни, а ќе има и цели семејства, ќе ги забавуваат фолк-изведувачи, велат изведувачите предводени од фолк-дивата Благица Павловска. Самата Благица, по подолга пауза на тој начин им се враќа на живите настапи, па публиката од неа очекува да го даде својот пејачки максимум пеејќи ги многубројните хитови, секако и најголемиот „Не можам душо да те заборавам“. Покрај Благица на истата сцена ќе пеат, исто така, и популарните: Јордан Митев, Ленче и Горан Кукиќ, Душко Георгиевски, Елена Јовческа…

Откако страстите со трубите, зурлите и тапаните, но и со нежните звуци на виолината ќе се смират, на втората вечер, ќе настапат имињата од македонската поп-сцена. Во Кратово ќе пеат „Нокаут“, „Некст-тајм“, Ламбе Алабакоски, „Суперхикс“, Ристо Самараџиев и многу други.

Интересно е дека низ програмата присутните ќе ги води добро познатата водителка Лила Филиповска-Стојановска (од ТВ Сител). Сè на сè, звучни имиња кои ветуваат добра журка и добра посетеност.

Градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, уште од сега очекува одлична забава, одлично дружење, и највкусни кратовски специјалитети кои ќе бидат служени од страната на домаќините.   Д.М.