Во исчезнатата подморница единствено место за седење е тоалетот, одделен само со завеса/ВИДЕО

400
Фото: SCREENSHOT CBC NL

Подморницата која исчезна во Атлантикот не е наменета за долг престој – нема столици, па патниците седат на подот, а им се советува да не јадат пред патувањето за да не мораат да го користат тоалетот, кој е одвоен само со завеса.

Исчезнатата подморница „Титан“ е мало пловило дизајнирано да прими само пет лица на еден ден – два часа патување под морето, неколку часа истражување на Титаник и два часа враќање на површината.

Минатата година, основачот на тур-операторот OceanGate Expeditions на тимот на CBS му ја покажа внатрешноста на подморницата што се користеше за посета на потонатиот брод Титаник, објави Дневник.хр.

На видеото е прикажана мала комора, со простор со големина колку моноволуменец.

Нема столици и седишта, а патниците седат со скрстени нозе на подот, поради што мора да ги соблечат чевлите пред да влезат.

За таква напредна подморница, внатрешноста е прилично гола и едноставна со само едно контролно копче. Остатокот од операциите на бродот се изведуваат на рачен контролер кој изгледа неверојатно слично на конзола за игри.

Има само еден мал тоалет во предниот дел на бродот, што е и најдоброто седиште во подморницата, се вели на веб-страница OceanGate, која сега е згасната.

Додадено е дека тоалетот е одвоен со завеса за приватност, а при користење на истиот пуштаат музика. Се препорачува патниците да ја ограничат исхраната пред и за време на нуркањето за да ја намалат веројатноста да мора да го користат тоалетот.