ВО ИЗРАЕЛ СО ТАМАРА ТОДЕВСКА и “Марионка” на Евровизиската сцена!

243

– Со посебно задоволство сакам да ве известам дека официјално сум дел од супер тимот на овогодишната претставничка Тамара Тодевска на нашата земја на “Евровизија” во Израел. Чест ми е што ќе можам да придонесам со мојот глас и искуство, овој настап да не направи горди сите нас.
Познавајќи го тимот знам дека ќе дадеме се од себе! Им благодарам на македонската делегација од Националниот сервис и, секако, на Тамара за нивната доверба. Време е да го покажеме најдоброто од нашата татковина! Се гледаме во Тел Авив!

Вака на сите во татковината им се обрати познатиот оперски пејач Васил Гарванлиев (по потекло е од Струмица), кој инаку во светот на музиката е познат по детскиот евергрин хит “Марионка”. Тој во мај на евровизиската сцена ќе биде рамноправен член на македонската евровизиска екипа. Заедно со Антониа Гиговска и Александра Јанева на Тамара ќе и бидат вокална поддршка. Но, за учеството на Васил меѓу фановите на Тамара, владее некако најголем интерес, со оглед на тоа дека тој уште како дете оставил траен белег на македонска музичка сцена, а воедно е и моќен глас за восхит. Сосема ја разбираме среќата и гордоста на Васил кој иако долго време беше далеку од самите естрадни случувања, сега со настапот во Тел Авив во екипата на Тамара, се враќа на голема врата на естрадата од која, рака на срце, никогаш не се ниту откажал, само поради други (приватни) причини мораше да биде оддалечен. Еве, убава прилика талентираниот Васил повторно да се вивне во височини како на времето со хитот “Марионка”. Браво за него! Д.М.