Во Србија од јануари до ноември годинава 109 лица добиле дијагноза за инфекција со ХИВ, 23 лица имаат клиничка СИДА, а од вирусот починале пет луѓе.
Ова денеска го изјави Даниела Симиќ од Институтуто за јавно здравје на Србија, „Д-р Милан Јовановиќ- Батут“
.„Нашата цел е стратешка: во 2025 година помалку од пет луѓе да умрат од СИДА, бидејќи тоа е изводливо. Минатата година биле дијагностицирани 177 лица, околу 49 заболеле од СИДА, додека 13 лица починале“, рече Симиќ на прес-конференција по повод Светскиот ден за борба против сидата, 1 декември.
Таа додаде дека се проценува дека меѓу 570 и 1.200 луѓе во Србија не знаат дека се заразени со ХИВ.
Со овој вирус најчесто се заразуваат младите. Околу 90 отсто од луѓето заразени со ХИВ се на возраст од 20 до 49 години, а 15 пати повеќе мажи се заразени со вирусот.
„Важно е лицата кај кои е констатирана ХИВ инфекција и не се лекуваат веднаш да се јават кај инфектолози во четирите клинички центри и да започнат со терапија“, апелираше докторката.
Според неа, глобалната цел за 2025 година е 95 лица да добијат дијагноза на ХИВ вирусот, ; дека 95 проценти од дијагностицираните се на терапија и дека 95 проценти од оние кои се на терапија имаат стабилна супресија на вируси – дека репродукцијата на вирусот успешно се контролира во телото.