Во идеалната петорка на Коби Брајант нема место за Леброн Џемјс

69

Еден од најдобрите НБА кошаркари во историјата, легендарниот Коби Брајант, во интервју за официјалниот сајт на ФИБА откри кои според него би биле во идеалната петорка. Интересно е тоа што според него во идеалната петорка немаше место за Леброн Џејмс, иако многумина сметаат дека „Кралот“ е рамо до рамо до остварувањата и доминацијата на најдобриот кошаркар во историјата, Мајкл Џордан.

  • Големата петорка би ја сочинувале Меџик Џонсон, Мајкл Џордан, Хаким Олаџувон, Лери Бирд и Карим Абдул Џабар, истакна Американецот.

Инаку, Брајант како дете израснал во Италија. Иако бил далеку од домот, верува дека токму тоа му помогнало да премине во моќната НБА лига.

  • Тоа ми даде голема предност бидејќи одлично ги усовршив основите на кошарката. Таму не учев како да ја водам топката низ нозе или зад грб. Учев на тактички план како движење без топка или комплетирање на основни додавања, со лева и десна рака. Токму поради овие работи имав голема предност при враќањето во САД, бидејќи тамошните деца не го знаеја тоа. Тоа не се учи за еден ден или недела, Потребни се години, додека сите останати работи како дриблинг зад грб или низ нозе се учат и за еден ден, додаде Брајант.

Резултати: Њујорк – ЛА Лејкерс 124:123, Мајами – Шарлот 93:75, Милвоки – Филаделфија 125:130, Детроит – Торонто 110:107, Орландо – Атланта 101:91, Сакраменто – Чикаго 129:102, Хјустон – Минесота 117:102, ЛА Клиперс – Бруклин 119:116.