Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!! Срам да ни е на сите…. За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА !!!, напиша на својот Фејсбук профил еден од најпознатите наши ракометари, Столе Стоилов, откако 81 пратеник во Собранието гласаа за промена на уставното име на нашата земја во „Република Северна Македонија“, пишува порталот Делчево денес.
Во дел од коментарите на статусот на кој Стоилов за неполн час собра 2,5 илјади лајкови, се бара македонските ракометари во знак на протест да го напуштат Светското ракометно првенство.
Ова се дел од коментарите:
-Во знак на протест напуштете го првенството !! Нека види Светот дека во Македонија нема демократија !! Нека знае Светот дека сте Македонци !! Никој нема да ви замери заради тоа што можеби ќе бидете дисквалификувани. Важно е дека ќе бидете херои. И важно е дека ќе му покажете на Светот дека народот е присилен да го сменува името на државата !!
-Ако ве прекрстат слободно заминете сите. Ќе бидете наша гордост. Срамота е да се игра за Северна!
-Искрено, јас би ве сметал за најголеми херои ако не играте под наметнатото име. Можеби сум радикален, ама тоа е моето мислење и став.
-Честитки за победата за Македонија. И тука завршува, вие не треба да играте за Северна. Вратете се назад, ќе ве пречекаме како херои.