Во завршна фаза уредувањето на излетиштето “Динќут” во Гевгелија

156

Во финална фаза се работите за уредување на излетиштето “Динќут” во спортско рекреативен центар, за што општина Гевгелија преку проект од ИПА програмата доби околу 170.000 евра. Уредени се детски игралишта, фитнес зоната, детските играчки, амфитеатарот, вештачката карпа за искачување, летниковците, трим патеката, но и дека е поставена комплетна урбана опрема.

– Излетиштето навистина се претвори во прекрасен простор за спортување и рекреација на гевгеличани од сите генерации и затоа наша обврска е да го користиме што повеќе, но и да го чуваме – рече градоначалникот Сашо Поцков.

По монтирањето на целата опрема ќе се организира голема акција за чистење и хортикултурно уредување на целиот комплекс и дека ќе се пристапи кон подготовки за содржинско искористување на можностите што ги нуди спортско рекреативниот центар.

– Користењето на овие благодети по се изгледа ќе го направиме преку јавно-приватно партнерство на општина Гевгелија со заинтересирани невладини организации и други деловни субјекти затоа што наша крајна цел е просторот да го користиме и заедно да го штитиме – нагласи Поцков.