Се интензивираат градежните активности за изградба на спортскиот центар во Хиподром. Тој се гради на местото на бараките од старото основно училиште „Вера Јоциќ“.
-Со овој интензитет на градежните работи верувам дека многу скоро спортскиот комплекс ќе биде целосно готов и ќе можеме да го пуштиме во употреба – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.