Од редовите на македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер, информираат дека во своите редови имаат нови заразени ракометари со коронавирус, а бидејќи бројката е веќе сериозна, ќе се испрати барање до ЕХФ за одложување на натпреварот од Европската лига против Кадетен Шафхаузен.

  • РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека и покрај строгите протоколи, принципиелноста и внимавањето, детектирани се позитивни случаи на Ковид-19 во ростерот на екипата. По враќањето на тренинзи на ракометарите кои не се повикани во дресот на националните репрезентација, редовното тестирање пред продолжување со тренинзи покажа неколку позитивни играчи на коронавирус, поголемиот дел асимптоматски. Клубот ќе испрати барање до ЕХФ за одложување на натпреварот од третото коло на групата Д на Лига Европа против Кадетен Шафхаузен на 17 ноември во 18:45 часот, се вели меѓу другото во соопштението од клубот.

Фото: РК. Е. Пелистер