Во екот на Игрите 2024: Паника во Париз поради дојава за бомба -затворен стадион и железничка станица

81
EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Француската полиција чека специјалистички одред за деминирање на стадионот „Франција“ во Сен Дени, кој е евакуиран и на посетителите им е забранет влезот, пренесува англиски „Сан“.

Блиската железничка станица Порт де Париз исто така беше затворена како мерка на претпазливост.

Олимпијадата Париз 2024 започна минатата сабота, со многу настани кои се одржаа на Националниот стадион во северен Париз.

Пред самите игри беа распоредени големи безбедносни сили. 18.000 војници соработуваат со 30.000 полицајци за да обезбедат безбедноста во француската престолнина да биде на највисоко ниво.

Организаторите се подготвуваа за можни терористички закани по турбулентните избори на почетокот на јули.