Во европските земји значително е зголемена побарувачката за домашни тестови за утврдувањекоронавирус, кои се продаваат во аптеки и други продавници.
Така е во Франција, Велика Британија и Италија. Најголем дневен број на позитивни на вирусот од почетокот на пандемијата е регистриран во Франција и Велика Британија во последните денови. Ова се должи на варијантата омикрон, за која се вели дека е многу позаразна од другите соеви.
Франциски локални медиуми известуваат дека граѓани сведочат оти домашните тестови се распоровадаваат за само неколку часа по пристигнувањето, па надлежните бараат начини за да одговорат на зголемената побарувачка.
И во Британија и во Италија е слична ситуација. Британци сведочат дека им се залудни потрагите по тестови во повеќе аптеки. Граѓани на Италија велат дека чекаат во редови по неколку часа (во некои случаи и до осум часа), за да бидат тестирани за коронавирус во некоја институција. Поради тоа значително е зголемен интересот за брзи тестови од аптеки, пренесува Еуроњуз.