Бројот на случаи на заразени од Ковид-19 во најтешко погодената американска држава Њујорк се зголеми за повеќе од 9000 – на 75.795, со стапка на смртност зголемена за 27 проценти. Бројот на смртни случаи сега е 1.550. Тоа го нагласи денеска гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.
Тој додаде дека коронавирусот е посилен од очекуваното.
– Ние се уште одиме нагоре, главната битка ќе биде на врвот на планината, рече Куомо.
Извор:МИА