ВО ДОКУМЕНТАРЕЦ: Откриено зошто Меган Маркл се развела од продуцентот Тревор

187

Минатата недела е промовиран документарниот филм за британската војвотка од Сасекс и сопруга на принцот Хари Меган Маркл во која се откриени бројни детали од нејзиниот живот. Документарецот е насловен “Meghan Markle: Movies, Marriage & Motherhood“ ја открива и причината за нејзиниот развод со поранешниот сопруг, продуцентот Тревор.

Пред да стане војвотка од Сасекс, Маркл која била актерка, имала прилично бурни моменти во својот живот.

Во документарецот кралската дописничка Ешли Пирсон тврди дека актерската кариера на Меган била причината за разводот со нејзиниот прв сопруг.

Меган и Тревор кои во 2011 се венчале на Јамајка, се разделиле само две години подоцна, како што самите навеле, поради непремостливи разлики.

“Беа заедно седум години, а две во брак. Нивниот главен проблем била одалеченоста. Само што се земаа, таа ја доби улогата во серијата “Suits “ и снимаше во Торонто, а тој во Лос Анџелес. Таа врска на далечина едноставно не траеше – открива Пирсон.

Холивудскиот продуцент Тревор Енгелсон се ожени само неколку дена откако Меган го доби синот Арчи со принцот Хари. Тревор се ожени со 12 години помладата нутриционистка Трејси Карленд, со која се верил две недели по кралската венчавка во 2018.