Родител во СВР Скопје вчера пријавил дека неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда во детска градинка на подрачје на Шуто Оризари, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавеното, неговата сопруга ја однела нивната ќерка во градинката околу 08.00 часот и, бидејќи е во период на адаптација, ја земала во 10.00 часот. Исто така, според пријавеното, кога го донела дома и почнала да го пресоблекува, детето не престанувало да плаче, по што го однеле во ургентниот центар, каде што лекар ја констатирал повредата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.