Во Германија производствените цени со највисок годишен раст од 1949 година

48

Во 2022 година, цените на производителите се зголемија за 32,9 отсто во споредба со 2021 година, што е најголем пораст откако се води статистика од 1949 година, објави Федералниот завод за статистика.

Сепак, растот на германските производни цени забави на месечна основа во декември, што е показател за намалување на инфлациските притисоци во најголемата европска економија.

На месечна основа, цените се намалија за 0,4 отсто, што е помал пад од консензусните прогнози за пад од 1,2 отсто. Декември беше трет последователен месец со забележано намалување, додека цените на енергијата продолжија со надолниот тренд.

Месечниот пад беше поттикнат од падот на цената на енергијата од 1 отсто, благодарение на поблагите поскапувања на природниот гас и на производите од минерална нафта.