Германската покраина Баварија, особено Минхен и околината, синоќа ги зафатило силно невреме кое предизвикало голема штета, а повеќе лица се повредени.

Во покраината паѓал град со големина на топче за голф, а ветрот корнел дрва.

Градот искршил стакла на многу автомобили, прозорци од згради и предизвикал голема штета на фасадите на многу куќи.

Во Остајгој биле откорнати повеќе дрва, а едно дрво повредило седумгодишно дете и двајца мажи. Локалните медиуми јавија дека велосипедисти застанале под откорнат дрво барајќи засолниште, кога врз нив паднало друго дрво. Детето се здобило со тешки повреди, додека мажите се полесно повредени.