Во Гевгелија стигнале мигранти од Куба

47

Во близина на Гевгелија синоќа во  21.50 часот полициски службеници го лишиле од слобода Е.Ц. (28) од с.Долно Коњари, скопско, кој управувал патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, во кое при контрола се пронајдени Р.С.Х. (37), Ц.С.Ј.П. (26) и В.Ц.Д. (25), сите од Куба, за кои по извршените проверки во службената евиденција е констатирано дека немаат остварено легален влез во државата.

Известен е јавен обвинител, мигранти се предадени на полициски службеници од полициска станица Богородица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.