Во Гевгелија од денеска до среда се одржува традиционалната „Смоквијада“

253

Традиционалната манифестација за приготвување на слатко од зрели смокви, во организација на граѓанското здружение „Тера“ од Гевгелија, се одржува од денеска до среда по малку изменет начин кој предвидува варење на слаткото по дворовите на учесниците.

Организаторите посочија дека поради потреба на време за надгледување од страна на стручната комисија, слаткото ќе се приготвува и оценува денеска и утре, а во среда на Денот на независноста пред мал број граѓани на градскиот плоштад ќе бидат прогласени победниците.

На годинашнава 15 по ред „Смоквијада“ ќе се натпреваруваат 10 екипи составени од по двајца учесници кои нагласуваат дека тајната на вкусното гевгелиско слатко од зрели смокви лежи токму во квалитетот на смоквите кои во овој дел од државата, поради многуте сончеви денови, имаат поинаков вкус.