Во вторник, на платото на „Млечен“ (УЗ „Владо Тасевски“) со почеток во 19.30 часот со настап на Драган Мијалковски ќе започне традиционалната културна манифестација на Oпштина Карпош, „Карпошово културно лето 2023“.
Од Општина Карпош велат дека и оваа година, програмата е прилагодена за сите генерации која ќе биде исполнета со перформанси за децата, младите и повозрасните.
За „Карпошово културно лето 2023“ се одвоени 2.000.000 денари, средства од Буџетот на локалната самоуправа.
Општинските власти ги повикуваат граѓаните да дојдат и да уживаат во вечерите, кои ќе бидат исполнети со квалитетна музика и програма за сите возрасти.