Во вторник министрите oд ЕУ ќе разговараат за почетокот на преговорите

181

Во вторник министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ ќе заседаваат во Луксембург, а на дневен ред се извештаите за напредокот на земјите од Западниот Балкан и проширувањето.

Министрите треба да одлучат дали и кога Република Северна Македонија и Албанија   ќе ги започнат преговорите за членство во ЕУ, како што препорача Европската комисија на 29 мај во своите извештаи.