Во време на пандемија Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија го зголемија бројот на вработени за 21,7%

59

Индустријата игри на среќа не ја одминаа тешките економски последици предизвикани од светската пандемија со „Ковид-19“. Како и другите стопански гранки и економски оператори во Северна Македонија, во 2020 година, обложувалниците, автомат клубовите и казината бележат значителни загуби и сериозен пад на приходите во споредба со 2019 година, кои се движат од 25% до 57%, зависи за која компанија станува збор.

Врз овие економски показатели, несомнено влијае фактот што индустријата игри на среќа од 15 март 2020 година, заради превентивните мерки предложени од Комисијата за заштита од заразни болести, не работеше цели 100 дена и заради тоа не оствари никаков приход.

Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија на која припаѓаат Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел, демонстрираат висока свест и општествена одговорност и во услови на тешка економски последици предизвикани од кризата. Имено, не само што ги задржаа сите вработени, туку и покрај лошата ситуација за креирање бизнис, една компанија од истата групација го зголемила бројот на вработени за 21,7%. Паралелно на ваквите состојби членките на оваа групација редовно ги подмируваат сите давачки кон државниот буџет.

Следејќи ги сите финансиски извештаи и економски параметри, делува зачудувачки и целосно нелогично што министерството за финансии изготви и ги поднесе во собранието, законските измени на законот за организирање игри на среќа, во кои со предлогот да се воведе дистанца на автомат клубовите и обложувалниците на 500 метри од образовни објекти, всушност и става клуч на индустријата игри на среќа. Тоа би значело 10 000 вработени да останат без своите работни места, а државниот буџет без 250 милиони евра приходи на годишно ниво. Речиси 54 000 работни места во Северна Македонија индиректно се поддржани, помогнати или зависат од индустријата игри на среќа. Истовремено, сопствениците на околу 600 локации на кои се изнајмуваат објектите ќе треба да бараат нови закупци, што значи и тие ќе го изгубат својот приход на одреден период.

Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија, за време на оваа пандемија покажува огромно разбирање за потешкотиите со кои државните институции, особено јавното здравство, се соочуваат при справувањето со вирусот. Ставајќи се во служба на јавниот интерес, Казиното „Фламинго“ – хотел Гевгелија го отстапија за карантин, а во јавните здравствени установи донираа болнички кревети и медицински материјали во вкупен износ од 200 илјади евра. Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, сите нивни вработени кои се во добра здравствена состојба и ги исполнија неопходните медицински услови, донираа крвни единици во нивните деловни објекти. Истовремено, како претставници на реномирани странски компании од земји членки на ЕУ, во нивните објекти се предвидени и најситните детали за заштита од ширење на вирусот и е целосно оневозможено групирањето. Потврда за тоа е фактот дека до сега речиси и да не постои кластер на заразени преку вработени од оваа групација.