Во Врање по сувомесни производи и сирење, а во Урошевац по гардероба и чевли

Македонците сè уште одат на пазарење и на шопинг во Врање и во Урошевац. За разлика од Врање, каде што одат на пазарење, односно купуваат основни прехранбени производи, најчесто сувомесни производи, сирење, кајмак... во Урошевац купуваат гардероба и обувки. Велат дека во Урошевац може да се купи брендирана облека по багателни цени и дека моловите и продавниците работат и во недела. Освен тоа што може да се подноват со модерно парче облека, може да ручаат поевтино и да купат нешто за дома

12936

Македонците сè уште одат на пазарење и на шопинг во Врање и во Урошевац. За разлика од Врање, каде одат на пазарење, односно купуваат основни прехранбени производи, најчесто сувомесни производи, сирење, кајмак… во Урошевац купуваат гардероба и обувки. Велат дека во Урошевац може да се купи брендирана облека по багателни цени и дека моловите и продавниците работат и во недела. Освен тоа што може да се подноват со модерно парче облека, може да ручаат поевтино и да купат нешто за дома.

Бројот на Македонци што одат по намирници во Врање особено се зголеми од 1 септември, кога беа намалени цените на 700 прехранбени производи, како една од мерките на српската Влада во борба со инфлацијата.

Македонците што одат во Врање обично пазарат храна од „Лидл“, поради пониските цени на производите. А, најмногу купуваат сувомесни производи, сирење, кајмак….

– Овие производи се нешто поевтини откај нас, но кога ќе ги земете предвид горивото, патарините, амортизацијата, времето, тогаш ќе излезе поскапо. Но, не е само пазарењето туку и ќе прошетаме и ќе јадеме вкусна скара во некоја од познатите кафеани во Врање – вели една Македонка.

Освен во Врање, последнава година сè повеќе Македонци одат по гардероба и патики за децата во Косово, најчесто во Урошевац, каде што има многу продавници со брендирана гардероба, а цените се пониски откај нас.

 – Има евтина гардероба, но и цените во угостителските објекти се прифатливи. Може да си изнакупиш брендирана гардероба по двојно пониска цена отколку кај нас. Има и евтини обувки, но и гардероба за деца. За децата купив патики, кои се за 1.000 денари поевтини отколку кај нас. Кога има попусти во текот на празниците, тогаш цените се многу пониски и можеш да купиш повеќе работи за евро-две – вели една Македонка што била во Урошевац на шопинг.

Оние што биле во Урошевац на шопинг, велат дека има има бутици каде што најскапото парче гардероба чини 10 евра и дека може да се најде гардероба за сечиј џеб.

– Јас си кипув блуза за 3 евра, сако за 5 евра… Дефинитивно, цените се пониски отколку кај нас, а друга предност е што сè е на едно место. Не губиш време да одиш од еден до друг мол или од една до друга продавница за да купиш поевтино, туку сè ти е на купче – вели една скопјанка што била во Косово.

Од туристичките агенции велат дека на шопинг во Врање и во Косово повеќе одат жените. Туристичките агенции организираат еднодневни шопинг-тури за Врање, Приштина, Призрен, Урошевац… Цените за повратен билет се движат од 400 до 600 денари. Освен што може да си купат гардероба, граѓаните може да испазарат поевтино и да ручаат за 5 евра.

(А.С.)