Животните трошоци во Велика Британија повторно забележаа пораст во јули, дополнително оптоварувајќи ги семејствата во земјата.
Инфлацијата на индексот на потрошувачки цени достигна 10,1 отсто минатиот месец, соборувајќи ги очекувањата, објави Канцеларијата за национална статистика.
Како што е објавено, зголемувањето главно се должи на цените на храната и основните производи, вклучувајќи тоалетна хартија и четки за заби.
Станува збор за најголем скок кај животните трошоци уште од февруари 1982 година, кога инфлацијата на индексот на потрошувачки цени достигна 10,4 отсто, покажаа проценките на Канцеларијата за национална статистика.
Исто така, голем скок е и во однос на инфлацијата од 9,4 проценти во јуни.