Во Велес повеќе оздравени од новозаболени од Ковид

29

Според ЈЗУ Центар за јавно здравје денеска во Велес и велешко има пет новозаболени и 20 оздравени, а активни на болеста се 555.

Во велешката општа болница вкупно се хоспитализирани 38, од кои 31 се потврдени позитивни и  7 пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 10 пациенти, што е помалку за шест пациенти споредено со вчера кога беа 16, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.

 На единственото ковид одделение на Инфективно има  34 пациенти и 20 слободни кревети.

На Интерно Б крак има 4 пациенти кои се лекуваат како последица од прележан Ковид.

Во велешката Општа болница во текот на вчерашниот ден починати се двајца пациенти, жена на 75 годишна возраст од Велес и маж на 77 годишна возраст од Градско.