Аргентинскиот тренер Гиљермо Милано почна да ги води тренинзите на најтрофејниот македонски ракометен клуб, Вардар. Денеска од 13:00 часот ќе го има своето деби со „црвено-црните“, на гостувањето кај тимот на Струга, во рамките од Суперлигата.
– Со нетрпение го очекував доаѓањето во Скопје и запознавањето со ракометарите, и веќе ги имав првите тренинзи со екипата. Морам да кажам дека, како тим со кој ќе раководам, имам вистински професионалци, кои ми оставија одличен впечаток. Првите впечатоци се одлични и очекувам и знам дека ќе напредуваме на секое поле. Нè очекува период полн со натпревари, но верувам дека сите заедно ќе успееме во исполнувањето на поставените задачи – изјави Милано, кој постигна договор со управата на „црвено- црните“ до крајот на сезоната, со можност тој да биде продолжен.
Дел од ракометарите што настапуваа за своите национални репрезентации, се пожалија на мали повреди и ги пропиштија првите тренинзи неделава, но набрзо ќе ѝ се приклучат на екипата.
Со нетрпение го очекував доаѓањето во Скопје и запознавањето со ракометарите, и веќе ги имав првите тренинзи со екипата. Морам да кажам дека, како тим со кој ќе раководам, имам вистински професионалци, кои ми оставија одличен впечаток. Првите впечатоци се одлични и очекувам и знам дека ќе напредуваме на секое поле – кажа Милано пред дебито против Струга, во Суперлигата |
Вардар моментно е на второто место на табелата во македонскиот шампионат, со 18 бода, два помалку од лидерот Алкалоид. Трет на табелата е бранителот на титулата, тимот на Еурофарм Пелистер, со 16 бода, колку што има и четвртопласираниот ГРК Охрид.
Претходно, и бранителот на титулата, Е Пелистер, назначи нов тренер, по разделбата со Бранислав Ангеловски. Во продолжение од сезоната, тимот од Битола ќе биде предводен од Раул Алонсо. Шпанецот потпиша договор со македонскиот шампион до 2026 година, а своето деби ќе го има денеска, против тимот на Прилеп, додека во Лигата на шампионите, четири дена подоцна, прв пат ќе го предводи против Фредераиција.