Во Валандово (ќе) има извлекување на редоследот на фестивалските учесници:А, за победникот, парична награда!

282

Во вторник на 21-мај со почетокот во 12.00 часот во просториите на општината Валандово а, во присуство на пејачите, музичарите, новинарите, организаторите, но и градоначалникот на Валандово Перо Костадинов ќе има свечено извлекување на редоследот на учесниците на популарниот “Валандовскиот фолк-фестивал 2019“, фестивал кој и во рамките на поранешната Југославија имаше голема популарност. На конкурсот на фестивалот стасаа многу композици, а само одбраните ќе ги чуеме на финалната вечер во салата “Јанко Узунов“ на 31-ви мај пред валандовската публика, но секако и во директен тв-пренос.

Пред главната вечер ќе има ретроспективна, како и шоу-концерт на нашата пејачка Сузана Гавазова. Водители ќе бидат познатите Ѓорѓи Калајџиев и Ирена Спировска (од ТВ Алфа). Организатор на фестивалот е Општина Валандово со Министерството за култура како главен покровител, кои на финалната вечер, ќе доделат повеќе парични награди: -Прва награда во износ од 1.500 евра, втора и трета награда, потоа… Награда „Никола Бадев“ за најдобра вокална изведба, Награда „Драги Митев“ за најдобар аранжман, Награда „Миле Брзанов“ за најдобар дебитант, Награда „Мирчо Карамучев“ за најдобар текст и Награда за најдобар сценски настап. Минатата година на фестивалот победи пејачката Благица Калева со песната ,,Горда мајка’’. Дуле М.