Преговарачките тимови од ЕУ и Велика Британија денеска ги продолжуваат преговорите за Брегзит, откако вчера разговараа повеќе од три часа.
Неименуван функционер од ЕУ рекол дека „разговорите не минале добро“, пренесува танјуг.
По вчерашната средба на главниот преговарач на ЕУ Мишел Барние со британскиот министер за Брегзит Стивен Баркли и државниот обвинител Џефри Кокс, ниту една од страните не даде коментар.
Средбата во Брисел е организирана откако во саботата Барние изјави дека ЕУ е подготвена да и даде дополнителни гаранции на Велика Британија за да помогне за одобрување на договорот за Брегзит во Парламентот во Лондон.