Во Битола запленети 23 килограми марихуана

102

 

На патот меѓу селата Стење-Царев Двор, во близина на селото Козјак, ресенско,  синоќа околу 22:00 часот полицијата на лице место ги уапсила  Б.Г (46 г.) и В.А (56 г.), двајцата од Република Албанија, со живеалиште во Охрид при обид да прошверцуваат 23 килограми марихуана. .

Двајцата биле откриени како со товарно возило „Мерцедес Вито” со бугарски регистарски ознаки и заедно со уште едно лице кое управувало возилото товараат дрога при што возачот кога ги забележал полицајците побегнал од местото, при што во близина на селото Долна Бела Црква од возилото фрлило две торби со околу 23 килограми марихуана.

Лицата Б.Г. и В.А. се приведени и задржани во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Товарното возило „Мерцедес Вито“, торбите со марихуана и други предмети се одземени за понатамошна постапка.

СВР-Битола преземаат мерки за пронаоѓање на третото лице и патничкото возило и за целосно расчистување на случајот.