Во Белград се отвора ресторан на познатиот британски готвач Џеми Оливер

205

Ресторан од синџирот ресторани на познатиот британски готвач Џејми Оливер „Jamie’s Italian“ наскоро ќе биде отворен во Белград.

На веб-страницата на белградскиот ресторан „Jamie’s Italian“ стои дека ресторанот ќе се наоѓа на улицата Херцеговачка, во Белград на вода, пишува N1.

“Горд сум на Џејмис италијан. Нашиот одличен тим е како големо семејство – тие ќе се грижат за вас додека уживате во вкусна храна, подготвена од одлично избрани состојки. Одлична храна, одлична енергија и убава атмосфера”, е изјавата на Џејми Оливер на веб-страницата на ресторанот.

Инаку, Џејми Оливер во 2017 година затвори шест ресторани од синџирот „Jamie’s Italian“ во Велика Британија поради поскапувањето на состојките за италијанските јадења што ги подготвува, а се случи по Брегзит.

Како причини за затворање на дел од ресторанот, покрај поскапувањето на состојките, се наведуваат и трошоците за обука на вработените и пад на посетеноста.

Сепак, рестораните од синџирот „Jamie’s Italian“ продолжија да работат во странство.

Џејми Оливер стекна светска слава со своите ТВ емисии кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, во кои ги подготвуваше јадењата на брз и едноставен начин.

Тој е автор на неколку готвачи и сопственик на неколку синџири ресторани кои работат низ светот.