Во Белград се запленети 18 килограми кокаин

43
Како што се наведува, дрогата е пронајдена при претрес на повеќе станови на територијата на Чукарица, кои ги користеле осомничените.
Била спакувана во 17 пакети.
Пронајдени се и други предмети кои ги користеле за подготовка на кокаинот за понатамошна продажба.
„Имено, станува збор за оригинално пакувања чист кокаин со потекло од Јужна Америка, кој во текот на подготовката за понатамошна продажба се меша со други супстанци и на тој начин ова количество повеќекратно се зголемува“, наведува српското МВР.