Во Белата куќа се оддржа традиционалното велидгенско тркалање јајца 

33

Претседателот Џо Бајден и првата дама на САД, Џил, се обратија до семејствата и децата кои денеска дојдоа на јужниот тревник во Белата куќа на традиционалниот велигденски празник со тркалање јајца.

Првата дама се обрати со говор за создавање можности за децата надвор од училишните клупи. Бајден се заблагодари на Американскиот борд за јајца за донесените 90.000 тврдо варени јајца на настанот.  

Околу половина од нив се употребија за велигденска трка со тркалање на јајца со дрвени лажици и лов на јајца во кои учествуваат најмладите. Другата половина е употребана за вапцање и декорирање.  

Бајднови се обратија и до велидгенски зајко, како главна традиционална маскота на настанот.  

Ова беше 142. по ред велигеднско тркалање јајца. Последното се оддржа во 2020 година, по што имаше пауза од  две години поради Ковид-19.