Во Аргентина се обвинети три лица за смртта на пејачот Лијам Пејн

387

Три лица се обвинети во врска со смртта на пејачот на „Уан дајрекшн“, Лијам Пејн, објавија аргентинските обвинители во четвртокот. Минатиот месец Пејн падна од балконот на хотелот во кој престојуваше во Буенос Аирес.

Алкохол, кокаин и антидепресиви на рецепт биле пронајдени во крвта на Пејн по неговата смрт, соопштија властите. Обвинетиот е лице кое, според обвинителите, е близок со Пејн, хотелски работник и осомничен дилер на дрога.

Пејачот почина на 16 октомври кога падна од балкон, од третиот кат на луксузен хотел во туристичкиот кварт Палермо во Буенос Аирес.

Аутопсијата покажа дека Пејн починал од повеќе повреди, како и од внатрешно и надворешно крварење предизвикано од падот.

Неговото тело било пронајдено во внатрешниот двор на хотелот.

Подоцна полицијата извршила рација во хотелот Каса Сур и запленила предмети, вклучувајќи компјутерски хард дискови и снимки од камерите на хотелот.