Во Англија знаат зошто Мурињо одби да ја предводи Бенфика

53

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, одби да ја преземе тренерската функција во лисабонска Бенфика, бидејќи верува дека е прерано да се врати дома, објави „Скај спорт“.

Британскиот медиум тврди дека 55-годишниот португалски фудбалски стручњак има намера да води еден од водечките европски клубови.

Претходно беше објавено дека раководството на Бенфика му понуди на Мурињо да го наследи на клупата отпуштениот тренер Руи Виториа.

Сепак, Мурињо ја одби понудата на клубот од португалската престолнина.

Тој се уште е без клуб по добивањето отказ од Манчестер јунајтед