Во акцијата „Заедно против гладот“ собрани 2.092 килограми храна и хигиенски средства

181

Во акцијата на хуманитарната организација „Свети Спас“, „Заедно против гладот“, што беше организирана по повод 16 Октомври – Светскиот ден на гладот, собрани се вкупно  2.092 килограми храна и хигиенски средства, како и речиси 50.000 денари, средства кои ќе бидат употребени за набавка на она што недостига, но и за нормално функционирање на хуманитарната организација.

Од ХО „Свето Спас“ информираат дека продолжуваат со делење на храна за семејствата од нивната програма.