Актерот Војин Четковиќ по нападот пристигна во Ургентниот центар каде во моментов престојува неговата сопруга, актерката Слобода Миќаловиќ.
Војин пристигна на одделот видно загрижен. Како што пренесуваат српските медиуми, тој разговарал со полицијата во ходникот на Ургентниот центар, додека на Слобода и вршеле преглед.
Познатата српска актерка, Слобода Миќаловиќ, како што пренесуваат српските медиуми, била нападната и повредена околу 19 часот, при физичка пресметка со С.Д. (47).
Според Телеграф, актерката и жената се степале на плоштадот „Караѓорѓев трг“ во Земун.
Расправијата прераснала во физичка пресметка, поради што и двете се здобиле со повреди.
Актерката моментално се наоѓа во Ургентниот центар во Белград и ја чекаат повеќе прегледи, пренесуваат српските медиуми.
Слобода Миќаловиќ нападната во центарот на Белград: Српската актерка примена во Ургентниот центар