Инцидентот на Себастијан Фетел и Луис Хамилтон на трката за Големата награда на Канада во Формула 1 ја подели спортската јавноста, а повеќето тркачки „легенди“ се на страната на германскиот пилот.

Нема поголеми стручњаци од поранешните возачи во Формула 1 кога во прашање се тркачките инциденти, а истите овој пат застанаа во одбрана на пилотот на Ферари, кои сметаат дека Фетел не требаше да добие казна.

Еден од оние кои дадоа свој коментар за инцидентот во Канада е и двократниот Мото ГП шампион, Кејси Стонер, кој ниту малку не беше задоволен од одлуката на стјуардите да го казнат Фетел со дополнителни пет секунди.

  • Ова е најкатастрофалната одлука која е донесена во Формула 1. Во ваквите моменти се чувствува недостатокот на Чарли Вајтинг, порача Кејси Стонер.

Шампионот од 1996 година, Дејмон Грин, пак, верува дека Себастијан можел да остави поголем простор за да биде евентуално поминат, поради што трката ќе добиела сосема поинаков епилог. Нешто поостар коментар имаше светскиот шампион од 1992 година, Најџел Менсел.

  • Ова е голем срам а Формула 1. Воопшто нема поента да се гледаат трките, два шампиона возат а на крај се е упропастено од страна на стјуардите, истакна Менсел.

Формула 1 шампионатот продолжува на 23 јуни кога на програмата е трката за Големата награда на Франција.