Вонредно миење на градските улици во Велес

44

Екипи на “Комунална хигиена” при ЈКП “Дервен” ги искористија поволните временски услови и неделава вршат вонредно миење на градските улици. Се отстранува прашината и ризлата која беше фрлена за време на снежните врнежи и мразот.

Со камиони цистерни се чистат и влезовите во градот.

Редовното миење на улиците ќе почне од 11 март.