Волонтери реновираа стара куќа во село Истевник

199

Борче и Симона Димитровски се млади луѓе од Делчево, кои водени од желбата да го вратат животот во руралните средини, деновиве беа домаќини на група млади волонтери од повеќе земји од Европа. Поддржани од здружението „Зелен“ од Бугарија, а со помош на можностите што ги нуди програмата „Еразмус плус“, десетина дена сите заеднички работеа на реновирање на старата куќа на Димитровски во село Истевник, од каде што потекнува Борче.

Целта на овие активности, како што вели, е да се даде пример како луѓето со малку ентузијазам и работа можат по теркот на живот во современи услови, старите куќи да ги претворат во едно прекрасно место за живеење.