Вознемирувачки инцидент во соседството: Основец паднал низ прозорец на училиште во Белград

1180

Во белградската полиција денеска околу 16 часот пристигнала пријава од основно  училиште дека ученик „најверојатно паднал низ прозорец“.

Момчето, десетгодишно, најверојатно, како што објави Н1, „паднало низ прозорецот од првиот кат на училиштето“, од висина од пет метри.

РТС јавува дека во прашање е основното училиште „Бановиќ Страхиња“ на Баново Брдо во Белград.

На местото на настанот веднаш пристигнала брза помош и тој бил пренесен во Ургентниот центар.

Се утврдуваат и околностите под кои се случило ова.

Итната помош не можела да потврди дали момчето е надвор од животна опасност.