Возило од придружбата на Курти во Јужна Митровица имало сообраќајна несреќа

500

Курти ја посети базата во Јужна Митровица,

Косовскиот премиер Албин Курти денеска ја посети базата „Белведере“ во Јужна Митровица, каде се стационирани специјалните единици на косовската полиција, јавува Косово онлајн.

Како што изјави портпаролот на Владата на Косово, Пепарим Криезиу, „Курти попладнево бил во базата и се сретнал со припадниците на косовската полиција“.

Криезиу додаде дека „апсолутно е неточно дека премиерот Курти планира да испрати специјални единици на север“.

Портпаролот на косовската влада го потврди и пишувањето на порталот „Каликсо“, дека автомобилот што го придружувал премиерот Албин Курти доживеал сообраќајна нессреќа на пат кон Гњилане.

„На пат кон Гњилане едно од возилата што го придружуваше премиерот имаше сообраќајна незгода. Не се работи за автомобилот во кој бил премиерот. „За среќа нема повредени од учесниците во несреќата“, изјави портпаролот на косовска Влада.