Возилата на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје имаат бензин за уште една недела, а тендерот што Град Скопје го распишал за набавка на нова количина горово сеуште не бил потпишан.
– Возилата на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се полни. Тоа е доволно за една недела, па и повеќе. Досега никогаш не сме имале проблем со гориво, па ниту сега. Еве одиме да гаснеме пожар во Тетово – изјави за ВЕЧЕР, командандантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Sвонко Томевски.
Од Градот негираат дека имаат проблем со горивото, иако во медиумите кружи информација дека уште на 26 мај веќе истекол претходниот договорот за набавка на гориво, а новиот тендер се уште не е потпишан.
– Ние имаме тековен договор кој важи до 5 јуни, а имаме резерви гориво за уште две недели по неговиот истек . Новиот тендер е распишан и е во фаза да се потпише нов договор. До крајот на неделата би требало да се потпише, бидејќи само една фирма се јави на тендерот и не би требало да има некаква жалба. Така што нема никаков проблем со горивото, има и возилата на Бригадата за противпожарна заштита и за службените возила на Град Скопје – истакнаа градските власти.
(А.П.)