„Воена состојба“ во Лидл маркетите – Србите се истепаа за ќебапи на акција!/ВИДЕО

5382
фото: INSTAGRAM SCREENSHOT

Долги редици, хаос и тепачка над фрижидерите забележана е во неколку продавници на познатиот ланец маркети Лидл во Србија. Причината е банална – ќебапи на акција!.

На социјалните мрежи се појави и снимка од тепачка меѓу повозрасни граѓани, а на неа се гледа како постара жена се обидува да земе пакет ќебапи додека во исто време ги спречува другите да ги земат.

Фото: Printscreen Instagram

Голем број повозрасни граѓани се собраа на акцијата во Лидл, која предизвика тотален хаос. Не се гледа кој што зема и колку пакети, луѓето викаат, се туркаат, а споменатата жена во еден момент дури со горниот дел од телото „влегла“ во фрижидерот за да ги одбрани пакетите кои имала намера да ги земе.

Промоцијата на Лидл за свински и говедски ќебапи завршува денеска, а цената за килограм е 319,99 динари. Акцијата започна во четврток на 23 март, а завршува денеска, поради што настана гужва и тепачка.

Слична ситуација е забележана и во Станово кај Крагуевац. Од истата причина таму настана хаос поради попустот на ќебапите.